ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со повремени врнежи и засилен ветер долж Повардарието

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со повремени врнежи и засилен ветер долж Повардарието

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Според прогнозата на УХМР, ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер, кој локално може да достигнува и силни удари.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, проследени со умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат нешто пониски од вообичаените за овој период од годината, а временските услови ќе останат нестабилни и во наредните денови, со можни нови врнежи во некои делови на земјата.

CATEGORIES
Share This