ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА – Минусни температури и ведро време
Утринските часови ќе бидат многу студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност

Фото: Национал
Денеска (29.12.) во утринските часови времето ќе биде ведро и многу студено. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат во интервал од -7 до -3 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.
CATEGORIES Македонија


