ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА Сончево и ведро низ Македонија

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА Сончево и ведро низ Македонија

Неделното утро, 21 септември, ја разбуди Македонија со ведро и свежо време, без облачност и со тивка атмосфера. Во повеќето места утрото беше мирно, без изразен ветер, а најсвежо беше во Берово каде се измерени 6 степени.

Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 25 до 31 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 31 степен.

CATEGORIES
Share This