ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА Од утре заладување и дожд, на планините снег и снежна покривка

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот, во комбинација со продор на постуден воздух од север, од утре попладне (вторник) и во наредните денови времето во Македонија ќе биде претежно облачно и релативно студено, со најави за повремени локални врнежи од дожд. На одделни места врнежите повремено ќе бидат пообилни.
Во повисоките планински предели, над 1.300 метри надморска височина, дождот постепено ќе преминува во снег, при што се очекува формирање на снежна покривка, што ќе донесе вистински зимски услови на планините.
Во Скопје и околината, од утре попладне времето ќе се задржи претежно облачно, со појава на повремен локален дожд и пониски температури во споредба со изминатите денови. Надлежните служби апелираат на внимателност, особено при движење и патување кон повисоките и планинските делови од земјава.


