ВОЗИЛО ПАДНА ВО РЕКАТА РАДИКА Две лица го загубија животот
Загинатите се од селото Видуше, а причините за несреќата се утврдуваат

Фото: Принтскрин
Денеска (02.01.2026) околу 15:50 часот во ОВР Гостивар е пријавена тешка сообраќајна незгода на регионалниот пат Маврово-Дебар. Патничко возило „Фолксваген Бора“ со гостиварски регистерски ознаки, од засега непознати причини, излетало од патот и паднало во реката Радика.
Во несреќата животот го загубиле А.Ф. и М.Ф. од селото Видуше, гостиварско.
По насоки на надлежен јавен обвинител, возилото е одземено и ќе биде задржано во Полициската станица Гостивар за вонреден технички преглед, додека телата на починатите ќе бидат предадени на обдукција.
Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за сообраќајната незгода.
CATEGORIES Македонија


