ВОЗИЛА, СТАНОВИ И МИЛИОНИ ДЕНАРИ БЛОКИРАНИ Србија и Македонија замрзнаа имот и средства поврзани со истрагата за злоупотреби во РЕК Битола

Станува збор за десет нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година, за кои постои сомнение дека претставуваат посредна имотна корист од кривични дела.

ВОЗИЛА, СТАНОВИ И МИЛИОНИ ДЕНАРИ БЛОКИРАНИ Србија и Македонија замрзнаа имот и средства поврзани со истрагата за злоупотреби во РЕК Битола

Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола за замрзнување на имот на правно лице од Белград поврзано со лице осомничено во случајот за злоупотреби во РЕК Битола.

Станува збор за десет нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година, за кои постои сомнение дека претставуваат посредна имотна корист од кривични дела. Српското обвинителство издало наредба за замрзнување на имотот и отворање сеф во банка поврзан со осомничениот.

Во земјава, по барање на обвинителството, се замрзнати околу 30 милиони денари од сметките на осомничениот и неговата фирма, како и три стана, парцела земјиште, гаража и неколку возила.

Истрагата против осум лица и една компанија – „Марковски компани“, беше отворена на 9 октомври. Тие се сомничат за злоупотреби при јавни набавки во РЕК Битола во 2023 година, со што незаконски наплатиле над 106 милиони денари.

Според податоците, „Марковски компани“ во последните пет години склучила 66 договори со ЕСМ и РЕК Битола во вредност од 141 милион евра.

CATEGORIES
TAGS
Share This