ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО Маглата го отежнува возењето во делови од Македонија

Поради појава на магла, на патниот правец Неготино – Демир Капија утрово е забележана намалена видливост до 100 метри, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
На останатите државни патишта низ земјава сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози, без поголеми застои или проблеми.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ уште еднаш потсетуваат дека е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без разлика на моменталните временски услови, и апелираат до возачите на внимателно и прилагодено управување со возилата.
CATEGORIES Македонија


