ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО Магла ја намалува видливоста на неколку патни правци

Поради појава на магла, намалена видливост до 200 метри има на патните правци Тетово – Гостивар и Куманово – Страцин, додека на делницата Сарамзалино – Штип видливоста е намалена до околу 100 метри, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебна претпазливост се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


