ВОЗЕЛ 197 КМ/Ч НА МЕСТО КАДЕ Е ДОЗВОЛЕНО 80 КМ/Ч Полицијата веднаш го приведе

На 14.07.2025 во 18.10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Р.(29) од Битола. При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.
Службеници на МВР го известија јавниот обвинител и по документирање на настанот против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.
CATEGORIES Македонија


