ВОЗЕЊЕ БЕЗ ЗАСТОИ, НО СО ВНИМАНИЕ – Зголемена фреквенција на патиштата
Од АМСМ апелираат на внимателно возење со прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Сообраќајот на државните патишта денеска се одвивa непречено, по суви коловози и информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) за состојбата на патиштата. Што се однесува до фрекфенцијата на сообраќајот од АМСМ влат дека во текот на денешниот ден интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат на внимателно возење со прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


