ВОЗАЧИ ВНИМАТЕЛНО – Покрај камери од „Сејф сити“, спремни се и теренски полициски возила за контрола со камери

Полициските возила ќе бидат опремени со мобилни камери за побрзо следење на критичните точки.

ВОЗАЧИ ВНИМАТЕЛНО – Покрај камери од „Сејф сити“, спремни се и теренски полициски возила за контрола со камери
Фото: Принтскрин

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека покрај системот „Сејф сити“, ќе бидат активирани и полициски возила опремени со мобилни камери на т.н. „црни точки“.

„Камерите во рамките на возилата ќе можат да бидат ставени во функција многу побрзо од предвидените шест месеци“, истакна Тошковски.

Во текот на изминатите денови се изведуваше тестирање на камерите на сите локации каде што се поставени.

CATEGORIES
Share This