ВОЗАЧ ОД БИТОЛА ЛИШЕН ОД СЛОБОДА, фатен со речиси 200 km/h на автопатот Демир Капија – Миравци

Полициски службеници од ОВР Неготино попладнево го лишија од слобода 29-годишниот С.Р. од Битола, кој управувал со патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички со брзина од 197 километри на час, на дел од автопатот каде што дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.

Инцидентот се случил околу 18:10 часот на автопатот А1, на потегот Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел. Прекршокот бил евидентиран при редовна радарска контрола на сообраќајот.

Поради сериозноста на прекршокот и опасноста што ја претставувал за сообраќајната безбедност, С.Р. веднаш бил приведен. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено ограничувањата на брзината, со цел зачувување на безбедноста на патиштата и животите на сите учесници.

CATEGORIES
Share This