ВОСПИТНА ОД САД Хелез се извини поради средбата со ирански претставник

Останува да се види дали извинувањето на Хелез ќе биде доволно за да се смири ситуацијата и да се избегнат најавените санкции, или пак ќе следат конкретни дипломатски и безбедносни последици.

ВОСПИТНА ОД САД Хелез се извини поради средбата со ирански претставник

Министерот за одбрана во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, упати јавно извинување до Соединетите Американски Држави поради, како што рече, „погрешно толкување“ на содржината на неговата неодамнешна средба со нерезидентниот ирански воен пратеник, бригадниот генерал Махмуд Мохагег Поур.

Министерството за одбрана соопшти дека реакцијата од американската амбасада во БиХ била предизвикана од неточно пренесување на средбата во медиумите, при што таа била примена со „највисок степен на сериозност и одговорност“.

„Апсолутно ја разбирам оваа реакција на Амбасадата на САД во БиХ, како и интересот на јавноста. Во оваа прилика изразувам жалење и упатувам искрено извинување до нашите стратешки партнери за начинот на кој содржината на средбата беше претставена – изјави Хелез, додавајќи дека американската реакција ја доживува како „добронамерен и пријателски чин“.

Информациите за средбата со иранскиот пратеник, кој не е акредитиран дипломат во земјата, предизвикаа бурни реакции, особено од страна на САД, кои се долгогодишен стратешки партнер на БиХ во областа на одбраната. Американската администрација дури најави можност за воведување лични санкции кон Хелез, како и суспендирање на сите програми за воена соработка со БиХ, доколку се реализираат најавите од контроверзната средба.

Иако не се соопштени деталите од разговорот со иранскиот претставник, САД ја оценија средбата како потенцијално штетна за безбедносните интереси и партнерски односи на БиХ со западните сојузници.

Останува да се види дали извинувањето на Хелез ќе биде доволно за да се смири ситуацијата и да се избегнат најавените санкции, или пак ќе следат конкретни дипломатски и безбедносни последици.

CATEGORIES
Share This