ВОСПИТНА ЛЕКЦИЈА ОД МИЦКОСКИ ЗА АКЦИЈА-РЕАКЦИЈА Касами веќе со друг речник
Касами истакнува дека фокусот му е насочен кон Тетово и кон ангажманот кој треба да го вложи таму

Лидерот на коалицијата „Вреди“, Билал Касами, изјави дека во овој период е целосно посветен на изборната кампања во Тетово и на поддршката што треба да ја добие од граѓаните таму.
„Мојот фокус моментално е насочен кон Тетово и кон ангажманот кој треба да го вложиме таму. За другите прашања веќе има став изразен од коалицијата“, рече Касами.
Во соопштението на „Вреди“ во врска со изборната трка во Кичево, меѓу другото, се наведува:
„По објавувањето на компромитирачките материјали, коалицијата ‘Вреди’ побара кандидатот на НАИ да се повлече од трката за да се заштити достоинството на изборниот процес. Сепак, тој реши да продолжи, со што го стави Кичево во нефер позиција и потврди дека за оваа политичка каста власта претставува последен политички кислород.“


