ВОНРЕДНИ КОНТРОЛИ ВО МАРКЕТИ – Откриени храна со истечен рок и недостатоци во хигиената

Над 253 килограми небезбедни производи одземени и нештетно уништени

ВОНРЕДНИ КОНТРОЛИ ВО МАРКЕТИ – Откриени храна со истечен рок и недостатоци во хигиената
Фото: Национал

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност изнесува вкупната вредност на 22 казни што инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги изрекле на оператори со храна, како дел од вонредни надзори спроведени во маркети и хипермаркети низ целата држава.

Според соопштението на АХВ, акцијата се одвивала од 13 до 16 јануари годинава и биле контролирани 188 оператори со храна.

Кај 10 оператори биле утврдени полесни повреди поврзани со безбедноста на храната, како што се неселектираност на разладни уреди и нејасни или нечитки декларации на производите. На овие оператори им биле изречени мерки – опомена.

Во два маркета било констатирано дека вработените немале санитарни книшки.

Кај шест маркети било утврдено дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра производствена и Добра хигиенска пракса.

Во 14 маркети била затекната храна со изминат рок на траење.

Како небезбедена храна, во рамки на акцијата од операторите биле одземени и нештетно уништени над 253 килограми производи, вклучувајќи месо и месни преработки, млечни производи, кондиторски и други видови храна.

CATEGORIES
Share This