ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ЕПСКИ ГНЕВ – Експлозии во Техеран, Иран возврати со ракети кон Израел

Вонредна состојба во Иран, 70.000 израелски резервисти се мобилизирани

ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ЕПСКИ ГНЕВ – Експлозии во Техеран, Иран возврати со ракети кон Израел
Фото: Принтскрин

Во текот на денот, Израел и Соединетите Американски Држави започнаа заедничка воена операција против Иран, наречена „Епски бес“. Детонации се слушнаа во Техеран, а подоцна и во други делови на земјата. Целта на нападите е елиминирање на непосредни закани од иранскиот режим, а според медиумите, операцијата може да трае неколку дена. Иран прогласи вонредна состојба на целата територија.

Израелските одбранбени сили објавија дека се регрутираат 70.000 резервисти поради ескалацијата на ситуацијата околу Иран.

Исламската револуционерна гарда (ИРГК) потврди прв бран на ракетни напади врз Израел. Техеран лансираше ракети и беспилотни летала кон израелска територија како одговор на нападите.

„Како одговор на агресијата на подмолниот непријател против Исламската Република Иран, започна првиот бран ракетни и беспилотни напади врз Израел“, соопшти ИРГК.

Иранското Министерство за надворешни работи објави дека нападите на Израел и САД ја нарушуваат територијалната целост и суверенитетот на земјата. Министерството ги повика Обединетите нации да ги осудат акциите.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека Соединетите Американски Држави започнале „големи борбени операции“ против Иран. Тој наведе дека „заканувачките активности на Техеран“ претставуваат директна опасност за САД, нивните сили, базите во странство и сојузниците низ целиот свет.

Хутиите објавија дека му се придружуваат на Иран во операцијата против Израел. Обединетите Арапски Емирати го затворија својот воздушен простор, а експлозии се слушнаа во Абу Даби. Слични експлозии беа регистрирани и во Катар.

CATEGORIES
TAGS
Share This