ВОДОВОД СО ИЗВЕСТУВАЊЕ Празничен распоред на работа

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека поради новогодишните празници ќе има промени во работното време на неговите служби.
На 31 декември 2025 година (среда), шалтерите за наплата, шалтерите за поднесување рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат со скратено работно време, од 7:30 до 15:30 часот.
Први јануари 2026 година (четврток) е неработен ден за претпријатието, поради што сите служби ќе бидат затворени.
Од петок, 2 јануари 2026 година, „Водовод и канализација“ – Скопје продолжува со редовното работно време и вообичаеното функционирање на сите сектори.
Од претпријатието апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски и потреби во врска со услугите.
CATEGORIES Македонија


