ВОДОВОД ИНФОРМИРА Дел од Карпош и Припор денес без вода поради работи на мрежата

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека денес ќе има прекини во водоснабдувањето на неколку локации во градот поради изведба на водоводни работи.
На улицата „Виктор Иго“ бр. 22 ќе се изведува приклучок со цевка ф-100 мм, поради што без вода ќе останат граѓаните од улиците „Виктор Иго“, „Дренак“, „Драга Стојановска“, „Иван Козаров“ и „Невена Георгиева-Дуња“. Прекинот ќе трае од 08:30 часот до завршување на работните активности.
Истовремено, поради уличен дефект на цевка ф-150 мм на улицата „Христо Татарчев“ бб (Теферич), прекин во водоснабдувањето ќе имаат и корисниците од 3-та зона во населбата Припор. И таму водата ќе биде исклучена од 08:30 часот до завршување на санацијата.
CATEGORIES Македонија


