ВОДОСТОИТЕ НА РЕКИТЕ СТАБИЛНИ Екипите расчистуваат мостови и пропусти

Во Охрид има помали поплави на подруми и дворови, но состојбата се смирува по престанокот на дождот.

ВОДОСТОИТЕ НА РЕКИТЕ СТАБИЛНИ Екипите расчистуваат мостови и пропусти

Според податоците од регионалните центри за управување со кризи, водостоите на реките низ државата се стабилни. Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевања, а Пчиња бележи намалување. Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово водостоите на Кратовска и Крива река се покачени, но под контрола.

Во Охрид има помали поплави на подруми и дворови, но состојбата се смирува по престанокот на дождот. Во Битола и Ресен нема нови излевања, а екипите расчистуваат мостови и пропусти.

Ситуацијата е стабилна и во Скопје, Струмица, Штип, Велес, Тетово и северозападниот регион, каде надлежните служби ги отстрануваат помалите одрони.

CATEGORIES
Share This