ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО ПРЕКИН Делови од Центар денеска без вода поради технички зафати

Делови од Општина Центар денеска ќе останат без водоснабдување поради планирани интервенции на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од 08:30 часот без вода ќе бидат корисниците на потегот од улицата „Наум Наумовски Борче“ кај број 63. Прекинот е предизвикан од изведба на нов водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на оваа локација.
Дополнително, од 09:00 часот водоснабдувањето ќе биде прекинато и за корисниците од зградите со броеви 10, 12 и 14 на улицата „Октомвриска Револуција“, како и за дел од булеварот „Партизански Одреди“, на потегот од „Никола Тесла“ до „Октомвриска Револуција“. Причина за прекинот е замена на вентил со пречник Ф-2 на крстосницата меѓу улицата „Октомвриска Револуција“ и булеварот „Партизански Одреди“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ наведуваат дека водоснабдувањето ќе биде воспоставено веднаш по завршување на работните активности и апелираат до граѓаните за разбирање и трпение.


