ВОЈНАТА ВО УКРАИНА – Три сценарија до Божиќ

Трамп го става Зеленски под притисок – следува прекин на оружјето и разузнавачките информации

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА – Три сценарија до Божиќ
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп врши силен притисок врз украинскиот лидер Володимир Зеленски. Украина мора итно да прифати план за завршување на војната, во спротивно САД ќе ја запрат испораката на оружје и размената на разузнавачки информации.

Трамп првично бараше планот од 28 точки да биде прифатен до 27 ноември, а сега американскиот сенатор Марко Рубио инсистира на брзо потпишување. Планот е редуциран на 19 точки и сè уште чека конечна согласност од Трамп и Зеленски.

По интензивните преговори во Женева, американските и украинските претставници објавија дека постигнале значителен напредок во изготвувањето на мировен план. Првиот бран оптимизам дојде од Трамп, кој ја поздрави постигнатата соработка.

Засега можно е да се предвидат три сценарија на војната.

Според првото Европа ја пополнува празнината. Според Марсел Берни, стратег од Воената академија „ЕТХ Цирих“, смета дека Европа би можела делумно да ја надомести евентуалната повлекување на САД. Фронтот би останал стабилен, а Русија ќе ја забави својата офанзива.

Според второто претстои дога и исцрпувачка битка. Украина и европските сојузници ја спречуваат Русија да ги постигне клучните цели, но испораките на оружје не се доволни. Франција планира да испрати 100 авиони „Рафал“, Германија останува претпазлива, Полска се заканува дека ќе собори руски авиони, а ЕУ одобрува 150 милијарди евра за заедничка набавка на оружје. Војната би можела да се одолговлекува додека Русија ги зголемува своите сили.

Според третот Украина би можела д падне пред Божиќ. Повлекувањето на САД би предизвикало недостиг на муниција, колапс на воздушната одбрана и брзи руски напади. Експертот Јуриј Романенко проценува дека Украина би можела да издржи максимум четири месеци поради недостаток на воен персонал. Професорот Клеменс Фишер предупредува дека руските сили би можеле да напредуваат речиси непречено, што би го отворило патот кон Киев пред Божиќ.

CATEGORIES
TAGS
Share This