ВОЈНАТА ПРОДОЛЖУВА – Зеленски го отфрли клучниот дел од Трамповиот мировен план

Украина ја задржува контролата над источните региони и не се откажува од членството во НАТО

ВОЈНАТА ПРОДОЛЖУВА – Зеленски го отфрли клучниот дел од Трамповиот мировен план
Фото: Принтскрин

Украина испрати сопствена верзија на мировниот план до Вашингтон, која го отфрла повлекувањето на своите трупи од регионот Донецк и напуштањето на НАТО.

Според објавата, планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен по консултации со европските лидери.

Петмина сегашни и поранешни западни функционери запознаени со документот потврдуваат дека Украина ги исклучила деловите од оригиналниот план на Трамп кои се коселе со нејзините „црвени линии“. Конкретно, предлогот на Киев предвидува Украина да ја задржи контролата врз областите во источна Украина, кои според Трамповиот план требало да се отстапат.

Исто така, барањето Украина да се откаже од правото на членство во НАТО е исклучено, што според експертите би било неприфатливо за Русија.

Францускиот весник „Ле Монд“ претходно објави, повикувајќи се на советникот Михаил Подољак, дека Киев е подготвен да повлече свои војници од Донецк само доколку Русија истовремено ги повлече своите трупи од сегашната фронтова линија.

За потсетување, новиот предлог на САД бара украинските вооружени сили да го напуштат Донбас, Украина да се откаже од членството во НАТО и да се приклучи кон Европската Унија до 2027 година.

CATEGORIES
TAGS
Share This