ВОЈНАТА ИЛИ МИРОТ – Иран постави ултиматум што никој не очекуваше

Правото на мирнодопска нуклеарна енергија и контрола над Ормутскиот теснец се дел од петте клучни барања на Техеран.

ВОЈНАТА ИЛИ МИРОТ – Иран постави ултиматум што никој не очекуваше
Фото: Принтскрин

Иран бара да се почитува неговото право на мирнодопска нуклеарна енергија како еден од клучните услови за прекинување на конфликтот со САД и Израел, откри дипломатски извор од Техеран.

„Условите за прекинување на војната вклучуваат одржлив мир во регионот, осуда на агресорот, репарации, надомест за материјална штета, укинување на санкциите и меѓународно признавање на правото на Иран на нуклеарна енергија“ – рече изворот.

Досега, додаде функционерот, немало директни преговори меѓу Техеран и Вашингтон, иако САД изразија интерес за дијалог.

Кон крајот на март, американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека разговорите започнале, додека иранското Министерство за надворешни работи негираше директен контакт, но призна дека прима пораки преку посредници.

Според иранските извештаи, Техеран поставил пет клучни барања, вклучувајќи гаранции дека конфликтот нема да се повтори и меѓународно признавање на контролата врз Ормутскиот теснец.

CATEGORIES
TAGS
Share This