ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК – Се крева цената на авионските карти
Многу авиокомпании го суспендираа летови кон Израел, Дубаи и други точки во Блискиот Исток

Патниците се соочуваат со поскапи авионски карти и намалување на бројот на летови, откако конфликтот на Блискиот Исток ја покачи цената на нафтата и авиогоривото. Експертите предупредуваат дека билетите можат да останат високи со месеци, дури и ако војната се смири.
Некои од авиокомпаниите кои ја зголемија цената се Cathay Pacific, AirAsia, Thai Airways, Qantas, SAS и Air New Zealand. Причината е растот на трошоците за гориво и зголемената побарувачка за рути кои го избегнуваат регионот.
Покрај зголемувањето на цените, многу авиокомпании откажуваат летови кон Блискиот Исток. Finnair, ITA Airways, KLM, Lufthansa Group и Wizz Air привремено ги суспендираа своите услуги кон Израел, Дубаи и други точки во регионот. Air New Zealand го намали бројот на летови за 5%, што ќе влијае на околу 44.000 патници.
Последиците се голем притисок врз патниците и дополнително зголемување на цените на глобалниот пазар на авионски карти.


