ВО МАКЕДОНИЈА 87% ОД НАСЕЛЕНИЕТО ИМА СВОЈ ДОМ – Германија води по број на изнајмени станови
Според регионалните податоци Македонија меѓу земјите со висок процент на сопствени домови

Повеќе од две третини од населението во Европската унија (ЕУ) живее во сопствен дом, додека 32% се изнајмувачи. Во Македонија, околу 87% од луѓето се сопственици на свој дом, а 12,9% живеат под кирија, покажуваат податоците на Евростат.
Според најновите податоци за 2024 година, 68% од населението во ЕУ поседува свој дом, што е малку помалку од 69% во 2023 година. Останатите 32% живеат во изнајмени станови, што е зголемување од 31% во претходната година.
Највисок процент на сопственост во ЕУ е забележан во Романија (94%), Словачка (93%) и Унгарија (92%). Сопственоста на домови е почеста во сите земји од ЕУ, освен во Германија, каде што мнозинството од 53% живее во изнајмени станови. Следат Австрија (46%) и Данска (39%).
За земјите од регионот, податоците за 2023 година покажуваат дека најголем дел од населението живее во сопствен дом во Албанија – 95,5%, потоа Хрватска – 91,2%, Србија – 89,9%, Северна Македонија – 87,1%, Бугарија – 86,1% и Грција – 69,6%.
Што се однесува до изнајмувањето, најмногу луѓе под кирија живеат во Грција – 30,4%, по што следуваат Бугарија – 13,9%, Северна Македонија – 12,9%, Србија – 10,1%, Хрватска – 8,8% и Албанија – 4,5%.


