ВО КИНА ПОГУБЕН ДИРЕКТОР КОЈ ПРИМАЛ МИТО Судот утврдил злоупотреба на функцијата од 2014 до 2018 година
Егзекуцијата беше извршена во Тјанџин, по одобрување од Врховниот народен суд.

Кина го погуби Баи Тианхуи, поранешен директор на „Чајна Хуаронг Интернешнл“, поради примање мито од околу 157 милиони долари. Егзекуцијата беше извршена во Тјанџин, по одобрување од Врховниот народен суд.
Баи беше осуден на смрт во 2024 година, со доживотно одземање политички права, конфискација на имотот и враќање на нелегалната добивка во државната каса. Неговата жалба беше одбиена во февруари 2025.
Судот утврди дека тој ја злоупотребувал функцијата од 2014 до 2018 година и дека делото е „особено сериозно“, поради што смртната казна беше потврдена. Пред егзекуцијата, Баи се сретнал со своите роднини.
CATEGORIES Свет


