ВО ЧЕТИРИ ОПШТИНИ СЕ ГЛАСА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК – Излезност до 09:00 и 13:00 часот

Првите прелиминарни резултати се очекува да бидат објавени нешто по 20 часот

ВО ЧЕТИРИ ОПШТИНИ СЕ ГЛАСА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК – Излезност до 09:00 и 13:00 часот
Фото: Национал

Во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше денеска се одржуваат повторените избори за градоначалник.

Ова следува откако на редовните локални избори одржани на 19 октомври не беше обезбедена потребната излезност од најмалку 33,33 отсто од запишаните избирачи, поради што изборниот процес беше прогласен за неуспешен.

Во општина Гостивар гласањето се одвива на 120 избирачки места, во Маврово и Ростуше на 40, додека во Врапчиште се отворени 39 избирачки места. Во Центар Жупа, во Избирачкиот список се евидентирани вкупно 7.562 гласачи.

Од Државната изборна комисија во текот на денот се држуваат повеќе прес-конференции, на кои јавноста се информирана за текот на гласањето.

До 09.00 часот во Маврово и Ростуше гласале 2,89 проценти од запишаните избирачи, во Центар Жупа гласале само 0,75%, во Гостивар излезеноста е 0,97% додека во општина Врапчиште е 1%.

Според ДИК до 11:00 часот во Маврово и Ростуше гласале 624 граѓани, односно 5,90 проценти од вкупниот број запишани избирачи, во Гостивар 1.937 избирачи, што е 3,14 проценти,  во Врапчиште 834 граѓани, односно 3,02 проценти, додека во Центар Жупа гласале 168 избирачи, што претставува 2,22 проценти од вкупниот број запишани гласачи.

Првите прелиминарни резултати се очекува да бидат објавени нешто по 20 часот.

CATEGORIES
TAGS
Share This