ВО ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ НАПЛАТЕНИ НАД 670 МИЛИОНИ ЕВРА Пораст од 26,5 милиони евра во споредба со истиот период лани

Од почетокот на 2025 година до крајот на април, Царината инкасирала вкупно 670,27 милиони евра или 41,2 милијарди денари, што е за 26,5 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани.

ВО ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ НАПЛАТЕНИ НАД 670 МИЛИОНИ ЕВРА Пораст од 26,5 милиони евра во споредба со истиот период лани

Царинската управа на Република Македонија во април наплатила 190,4 милиони евра, што претставува зголемување од 7,3 отсто, односно речиси 13 милиони евра повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Според официјалните податоци, тоа изнесува 11,7 милијарди денари.

Најголем раст на наплатата е забележан кај данокот на моторни возила, со пораст од 20,5 проценти. Царинските давачки се зголемени за 14,1 процент, додека акцизите бележат пораст од 16,3 проценти.

Од почетокот на 2025 година до крајот на април, Царината инкасирала вкупно 670,27 милиони евра или 41,2 милијарди денари, што е за 26,5 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани.

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, изјави дека зголемената наплата на приходи значи повеќе средства за капитални проекти, како што се изградба и реконструкција на училишта, градинки, болници и патишта, како и за зголемени плати и пензии.

„Овие резултати се должат на засилените контроли и зголемената тимска работа на целата институција. Ќе продолжиме да работиме на заштита на финансиските интереси и стабилноста на системот, преку подобрување на ефикасноста, квалитетот на услугите и борбата против криминалот и корупцијата“, стои во соопштението од Царинската управа.

CATEGORIES
Share This