ВО 33 ОПШТИНИ ЌЕ СЕ ГЛАСА ПОВТОРНО Во 44 изборите завршени
о однос на изборот за советници, Кондарко информираше дека само во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето на 2 ноември за избор на членови на Советот.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на продолжението на својата 150. седница, ги објави конечните резултати од локалните избори за вкупно 44 општини. Во останатите 33 општини ќе се гласа повторно во втор круг на 2 ноември.
„Со денешната објава на резултатите за 11 нови општини и претходните 33 за кои во четвртокот беа потврдени резултатите без приговори, сега имаме вкупно 44 општини каде што изборот на градоначалник е завршен во првиот круг. Остануваат уште 33 општини каде што граѓаните ќе гласаат во втор круг,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Во однос на изборот за советници, Кондарко информираше дека само во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето на 2 ноември за избор на членови на Советот.
По спроведеното гласање на 19 октомври и истекот на роковите за поднесување тужби до Управниот суд, ДИК ги објавува конечните резултати за сите општини каде што нема поднесени тужби за изборите на советници во општините и Советот на Град Скопје.
„Само во една општина Шуто Оризари Управниот суд поништи резултати на три избирачки места. По направена симулација, утврдивме дека бројот на запишани гласачи таму може теоретски да влијае на распределбата на мандатите. Затоа, ДИК одлучи гласањето во овие три избирачки места да се повтори на 2 ноември,“ додаде Кондарко.


