ВО 2025 ИЗВРШИТЕЛИТЕ НАПЛАТИЛЕ 137 МИЛИОНИ ЕВРА Само од физички лица се наплатени над 50 милиони евра
Од воведувањето на системот досега се наплатени над 2,22 милијарди евра, при што најмногу средства се реализирани во Скопје – близу 70 милиони евра.

Во 2025 година преку извршители се наплатени околу 137,4 милиони евра, што е нешто над 43% од вкупните побарувања, покажуваат податоците на Комората на извршители. Иако сумата е пониска за околу 23 милиони евра од лани, расте товарот врз граѓаните – од физички лица се наплатени рекордни 50,8 милиони евра, речиси четири милиони повеќе од 2024.
Од компаниите се инкасирани 63,4 милиони евра, а од државните институции 24,8 милиони евра, при што кај двете категории има намалување. Истовремено, фирмите како доверители наплатиле над 105 милиони евра, граѓаните над 31 милион, а државата помалку од 2,5 милиони евра.
Од воведувањето на системот досега се наплатени над 2,22 милијарди евра, при што најмногу средства се реализирани во Скопје – близу 70 милиони евра.


