МАКЕДОНЦИ, ВНИМАВАЈТЕ ЛЕТОВО ВО ГРЦИЈА Затвор до три месеци и парична глоба од 300 евра по лице за кампирање и паркирање на јавни простори
Од почетокот на годинава во Грција е во сила нов закон кој строго го регулира користењето на јавни простори за кампување, поставување шатори и паркирање кампери, приколки и полуприколки.

Од почетокот на годинава во Грција е во сила нов закон кој строго го регулира користењето на јавни простори за кампување, поставување шатори и паркирање кампери, приколки и полуприколки. Согласно законските одредби, вакви активности се забранети на археолошки локалитети, крајбрежни делови, плажи, рабови на јавни шуми и останати јавни простори.
За прекршување на законот предвидени се строги санкции – казна затвор до три месеци или парична казна од 300 евра по лице, шатор или возило, кои ги изрекуваат полицијата или крајбрежната служба при контроли на терен. Според законот, дури и ако е дозволено паркирање на кампер или приколка на одредено место, не смее да се зафаќа дополнителен простор надвор од дозволениот.
Дополнително, се забранува и бесплатно сместување на повеќе од еден кампер од страна на приватни лица на ист простор, што претставува ново ограничување за љубителите на кампирањето.
Законот, кој беше донесен кон крајот на јануари, повторно стана актуелен изминативе денови, откако тројца кампери беа казнети со по 300 евра на Пелопонез, за паркирање на јавен општински паркинг кој, според грчките медиуми, немал никаква ознака за забрана на паркирање на ваков вид возила.
По инцидентот, реагираше Грчкиот клуб на кампери, нагласувајќи дека казнетите се нивни членови. Од Управниот одбор на клубот најавија поднесување на официјално писмо до министерствата за туризам и транспорт, барајќи појаснување на спорниот член 27 од законот. Прашањето ќе го покренат и во грчкиот Парламент, а зависно од одговорите што ќе ги добијат, не ја исклучуваат можноста за свикување вонредно Генерално собрание.


