ВНИМАНИЕ ПАТНИЦИ – Една грешка во Шенген може да ве чини забрана за влез
Ограничување од 90 дена во период од 180 дена за државјани од трети земји.

Државјаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и останатите земји кои не се дел од Шенген-зоната можат да престојуваат во Грција најмногу 90 дена во рамки на период од 180 дена. Ова правило важи и кога престојот е континуиран и кога е распределен во повеќе одвоени посети.
Сопственоста на недвижност во Грција не носи никакви дополнителни привилегии, па и за сопствениците важи истото ограничување од 90 дена.
Важно е да се разбере дека се применува „лизгачки“ (клизен) период. Тоа значи дека при секое ново влегување во земјата се пресметуваат претходните 180 дена наназад, а не од првиот влез. Патниците треба да го следат бројот на денови што ги поминале во Грција или другите Шенген-земји во тој период за да знаат колку им преостанува.
За полесно пресметување може да се користи Шенген калкулатор, каде што се внесуваат датумите на влез и излез и автоматски се добива преостанатиот дозволен престој.
Граничните служби водат прецизна евиденција за движењето на патниците. При влез и излез се става печат во пасошот, а и електронските системи овозможуваат точна проверка на должината на престојот.
