ВМРО-ДПМНЕ: ИДНИНАТА Е ВО МЛАДИТЕ Грантови од 10.000 евра за млади земјоделци, субвенции за млекопроизводителите

Се вложува во секоја пора на општеството. Се вложува многу и во земјоделството. Покрај помошта која што сточарите, оризопроизводителите, лозарите ја добија, сега и млекопроизводителите го добија заслуженото

ВМРО-ДПМНЕ: ИДНИНАТА Е ВО МЛАДИТЕ Грантови од 10.000 евра за млади земјоделци, субвенции за млекопроизводителите

Ако изминативе 7 години, земјоделството беше заборавено од страна на минатата власт на СДС и ДУИ, сега тоа е спротивно.

Се вложува во секоја пора на општеството. Се вложува многу и во земјоделството. Покрај помошта која што сточарите, оризопроизводителите, лозарите ја добија, сега и млекопроизводителите го добија заслуженото.

4574 млекопроизводители беа исплатени од државата со вкупен износ од 292.614.813,00 денари.

Се изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година.

Во однос на младите, се оформи повик за млади земјоделци кои ќе добијат грантови од 10 илјади евра за започнување на производство на квалитетна и органска храна. На овој начин ќе се стимулираат младите да се насочат кон земјоделието и ќе ја обезбедиме иднината на македонското земјоделство.

Иднината е во младите. Владата помага преку проекти и субвенции за оваа гранка од општеството. Што повеќе задоволни земјоделци, толку повеќе квалитетна македонска храна на трпезите.

Земјоделците нема да бидат заборавени, како што биле во минатото. Тие ја имаат безрезервната поддршка на Владата и тоа ќе продолжи во иднина!

CATEGORIES
Share This