ВМРО-ДПМНЕ БЕЗ КАНДИДАТИ ВО КУМАНОВО И ЦЕНТАР – Ќе го поддржат кандидатот на ЗНАМ

Неофицијално, за Куманово тоа ќе биде актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, а за Центар Мирослав Лабудовиќ.

ВМРО-ДПМНЕ БЕЗ КАНДИДАТИ ВО КУМАНОВО И ЦЕНТАР – Ќе го поддржат кандидатот на ЗНАМ

ВМРО-ДПМНЕ нема да кандидира сопствени кадри за градоначалници во Куманово и Центар на претстојните локални избори, туку ќе ги поддржи кандидатите на коалицискиот партнер ЗНАМ. Неофицијално, за Куманово тоа ќе биде актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, а за Центар Мирослав Лабудовиќ.

СДСМ во овие општини ќе настапи со Мартин Костовски (Куманово) и актуелниот градоначалник Горан Герасимовски (Центар), додека независните кандидати се Горан Стојковски-Диро и Нинослав Јакимовски во Куманово, и Билјана Ивановска во Центар.

На синоќешната седница на ИК, опозициската партија утврди кандидати за уште 16 општини. Меѓу нив се: Александар Јованоски (Кичево), Јане Мицески (Сопиште), Оливер Алексовски (Крива Паланка), Омер Јакупоски (Маврово и Ростуше), Нико Чонески (Крушево), Ѓоко Камчев (Валандово), Митко Костадиновски (Виница), Никола Недоски (Демир Хисар), Јордан Костадинов (Чешиново-Облешево), Љупчо Почиганец (Радовиш), Дејан Андоновски (Чашка), Дејан Проданоски (Прилеп), Петар Јанков (Струмица), Благој Ацев (Неготино) и Ерџан Демир (Шуто Оризари). За Кисела Вода, партијата сè уште врши анкети.

„Сигурни сме во способноста на нашите кандидати, тоа се луѓе кои се докажани во своите области,“ изјави генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски.

Првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот на 2 ноември.

CATEGORIES
Share This