ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД СОВЕТНИК ВО КОЧАНИ Советникот е дел од сценарио за политички спас на Филипче

СДС и Филипче креираат хаос кога се во политички теснец. Инцидентот во Кочани е режиран обид за дефокус

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД СОВЕТНИК ВО КОЧАНИ Советникот е дел од сценарио за политички спас на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека советник во Советот на Општина Кочани, близок до Венко Филипче, физички повредил општинска службеничка и побара негова итна и неотповиклива оставка. Според партијата, инцидентот не е случаен, туку дел од сценарио за дефокус на јавноста и политички спас на Филипче, договорено пред еден месец на тајна средба со Зоран Заев во Дубаи.

„СДС и Филипче креираат хаос кога се во политички теснец. Инцидентот во Кочани е режиран обид за дефокус“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека граѓаните заслужуваат достоинствено претставување, а не насилство и манипулации. Според нив, правдата ќе стигне и Филипче ќе биде казнет и од граѓаните и од правосудните органи.

СДСМ сè уште нема официјален одговор на обвинувањата.

CATEGORIES
Share This