ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И МАГЛА ДО 50 МЕТРИ – Внимателно на патиштата

Намалена видливост поради магла во Гевгелија, Струмица, Неготино и Демир Капија

ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И МАГЛА ДО 50 МЕТРИ – Внимателно на патиштата
Фото: Принтскрин

Денеска (06.02.) сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околината на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сезонски режим на сообраќајот има на патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица каде од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

CATEGORIES
Share This