ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ НОСИ ДОЖД И СНЕГ Пообилни врнежи од 23 до 25 декември, снежна покривка на планините

ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ НОСИ ДОЖД И СНЕГ Пообилни врнежи од 23 до 25 декември, снежна покривка на планините

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, во периодот од 23 до 25 декември времето во Македонија ќе биде нестабилно, со повремени и на места пообилни врнежи од дожд и снег, информираат од МетеоАларм.

Во поголем дел од земјата се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на одредени места може да бидат пообилни, со количина на воден талог над 30 литри на метар квадратен. На планинските предели над 1.200 до 1.300 метри надморска височина, дождот ќе преминува во снег, при што се очекува формирање снежна покривка до околу 10 сантиметри.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, најчесто со умерен интензитет. На повисоките делови од околните планини ќе има услови за врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер, најпрвин од југоисточен, а потоа од североисточен правец, со повремени засилувања, особено во вториот дел од периодот.

Температурите ќе се движат во релативно широк интервал. Утринските минимални температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека во Скопје се очекуваат околу 3 степени. Дневните максимални температури ќе се искачуваат од 3 до 10 степени, а во главниот град до околу 6 степени Целзиусови.

Метеоролозите најавуваат дека поради врнежите и засилувањето на ветерот, ќе дојде и до намалување на маглата, што се очекува позитивно да влијае врз квалитетот на воздухот во градските средини.

CATEGORIES
Share This