ВЛАСТ БЕЗ МАДУРО – Еве кој од неговите би можел да ја води Венецуела

Кој ќе ја преземе власта ќе влијае на внатрешната и надворешната политика на Венецуела

ВЛАСТ БЕЗ МАДУРО – Еве кој од неговите би можел да ја води Венецуела
Фото: Архива

По апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, веднаш започнаа шпекулации за тоа кој би можел да ја преземе власта во земјата – дали како официјален наследник, или како личност способна да спроведе државен удар.

Властите во Каракас всушност веќе имаа подготвено план за случај на исчезнување или смрт на Мадуро. Иако деталите не се откриваат јавно, веќе може да се идентификуваат неколку потенцијални наследници:

1. Делси Родригез која е прва потпретседателка, назначена за привремен шеф на државата. Таа има значително политичко влијание и е популарна меѓу граѓаните од сите општествени слоеви.

2. Владимир Падрино Лопез кој ја врши функцијата министер за одбрана и доверлив соработник на Мадуро. По воведувањето на вонредната состојба, доби проширени овластувања, што му овозможува да дејствува во различни насоки.

3. Диосдадо Кабело кој е на функцијата министер за внатрешни работи и клучна фигура во венецуелската политика. Тој беше блиски сојузник на Уго Чавез и поседува значителна моќ и влијание.

Прашањето за наследникот е од огромна важност, бидејќи оној што ќе ја преземе власта ќе влијае на политичките процеси и надворешната политика на Боливарската Република.

Сепак, ситуацијата е динамична: иако постои јасен список на потенцијални кандидати, кризата може да охрабри и други политички играчи да се обидат да ја преземат контролата, што дополнително ќе ја комплицира состојбата во земјата.

Од друга страна останува дилема и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој на прес конференција иастакна дека САД ќе управуваат со Венецуела

CATEGORIES
TAGS
Share This