ВЛАДИНА ИНВЕСТИЦИЈА ОД МИЛИОН ЕВРА – Нов асфалт и инфраструктура на патот Драчево–„Китка“

Патот сега е со нов асфалтен слој, тротоари, банкини и армирано-бетонски пропусти.

ВЛАДИНА ИНВЕСТИЦИЈА ОД МИЛИОН ЕВРА – Нов асфалт и инфраструктура на патот Драчево–„Китка“
Фото: Принтскрин

Реконструиран е дел од локалниот пат кој ја поврзува населбата Драчево со мотелот „Китка“, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски на својата Фејсбук-страница.

„Проектот вклучи поставување нов асфалтен слој со дебелина од 8 сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување на отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата. Патот има вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, обезбедувајќи стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура“, објави Мицкоски.

Инвестицијата изнесува 63.537.537 денари (околу 1 милион евра) и е обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт.

„Овој проект значително ќе го подобри поврзувањето на руралните области, ќе го олесни секојдневниот транспорт и ќе создаде услови за локален развој“, додаде премиерот.

CATEGORIES
Share This