ВЛАДАТА СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: на располагање до 600.000 денари

Овој Јавен повик е само еден стимул на нашите млади да влезат секторот земјоделство и истите да продолжат да го движат процесот во производството на квалитетна храна, вели министерот Трипуновски.

ВЛАДАТА СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: на располагање до 600.000 денари

Младите од 18 до 40 години кои првпат сакаат да се занимаваат со земјоделство ќе можат да добијат финансиска помош од државата. Министерството за земјоделство објави повик за доделување неповратни средства до 600.000 денари по лице. За да се аплицира, потребно е младите земјоделци да бидат регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

Грантот е дел од Мерка 112 и покрива 100% од вложувањата, со можност за исплата на три рати, а 40% од средствата може да се добијат авансно. Како што истакна министерот Цветан Трипуновски, поддршката има за цел да ги охрабри младите да започнат сопствен земјоделски бизнис.

CATEGORIES
Share This