ВЛАДАТА ИМЕНУВАШЕ ПОВЕРЕНИЦИ ВО ЧЕТИРИ ОПШТИНИ – До крајот на неделата ќе има и владина реконструкција

Во четири општини не е исполнет изборниот цензус, Владата именува привремени повереници.

ВЛАДАТА ИМЕНУВАШЕ ПОВЕРЕНИЦИ ВО ЧЕТИРИ ОПШТИНИ – До крајот на неделата ќе има и владина реконструкција
Фото: Национал

На денешната 131. седница, Владата ја разгледа информацијата од Државната изборна комисија (ДИК) за завршувањето на локалните избори во 2025 година за избор на членови на советите на општините, Советот на Град Скопје, како и за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје.

Согласно член 132, став 2 од Изборниот законик, условот за избор на градоначалници – да излезе најмалку една третина од вкупниот број на запишани избирачи во избирачкиот список за соодветната општина не е исполнет во општините: Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше, и Центар Жупа.

Во врска со тоа, согласно член 134, став 2 од Изборниот законик, Владата ги именува следниве повереници за вршење на функциите на градоначалник: Онер Јакупоски – општина Маврово и Ростуше, Аријан Ибраим – општина Центар Жупа, Буњамин Кадриу – општина Врапчиште и Фадил Џелили – општина Гостивар.

Исто така, согласно член 134, став 3, Владата ќе го извести претседателот на Собранието за да се распишат нови избори за градоначалници во наведените општини.

Што се однесува до министерските промени, до крајот на неделата премиерот Мицкоски најави дека ќе ги достави до Собранието предлозите за новиот состав на Владата. Утре, пак, се очекува да ги финализира и официјализира преговорите со коалицискиот партнер „Вреди“ околу ова прашање.

Според извори на Национал во игра се поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа, како и Недим Рама, шеф на кабинет на Изет Меџити во Министерството за екологија. Сепак, за Беким Сали, кој треба да го замени Изет Меџити, се уште нема конечен договор дали ќе добие министерство со ресор или без него.

Покрај промените во Владата, Мицкоски најави и измени во партијата по Конгресот. Ќе има промени во Извршниот комитет, потпретседателите, а се спомнува и смена на генерален секретар. Сепак, дел од функционерите во ВМРО-ДПМНЕ велат дека по победата во Кичево и освоените 55 градоначалнички места, Ѓорѓија Сајковски останува стабилен на партиската функција.

CATEGORIES
TAGS
Share This