ВЛАДАТА ИМ ПОРАЧА НА СИНДИКАТИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ Ќе ви го прифатиме секој договор помеѓу вас, во моментот кога тој ќе биде постигнат во економско социјалниот дијалог

Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог.

ВЛАДАТА ИМ ПОРАЧА НА СИНДИКАТИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ Ќе ви го прифатиме секој договор помеѓу вас, во моментот кога тој ќе биде постигнат во економско социјалниот дијалог

Денес Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во кабинетот на Претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите. Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.

Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31-ви Март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог.

Владата останува партнер на работниците и работодавачите и подготвена е на дијалог во секој момент кога тоа ќе биде побарано од страна на страните во процесот, се вели во владиното соопштение

CATEGORIES
Share This