ВЛАДАТА ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА Различностите се нашето богатство

Битолскиот конгрес од 1908 го постави темелот на современото албанско писмо.

ВЛАДАТА ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА Различностите се нашето богатство
Фото: Национал

Владата денеска со свечена седница го одбележа Денот на албанската азбука – 22 Ноември, истакнувајќи дека Македонија е дом на различности кои ја збогатуваат заедничката национална приказна.

Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека успехот е заеднички проект и дека само со обединетост, почит и доверба државата може да се движи напред. Тој потсети дека Битолскиот конгрес од 1908 година го поставил темелот на современата албанска азбука – чин со силно историско и европско значење.

Мицкоски истакна дека албанската заедница со својата култура, јазик и традиција е важен дел од државата и дека Владата останува посветена на политики што градат меѓуетничка доверба, развој на јазиците и подобар живот за сите граѓани.

Вицепремиерот Арбен Фетаи порача дека јазикот треба да биде мост, а не граница, и дека јазичната еднаквост е суштински дел од модерната демократија. Тој истакна дека обележувањето на овој ден е потсетник за важноста на стандардираниот јазик во развојот на образованието и институциите.

Денот на албанската азбука се слави како државен празник од 2007 година и е неработен за припадниците на албанската заедница.

CATEGORIES
Share This