ВЛАДАТА ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ОБЕШТЕТУВАЊЕ Штети за земјоделците погодени од ниските температури
Трипуновски ги повика земјоделците да ги пријават своите загуби, нагласувајќи дека општинските комисии треба навреме да ги обработат сите пријави и да ги извршат процените направени на терен

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска од Ресен најави дека владата ќе обезбеди обештетување за земјоделците погодени од штетите предизвикани од ниските температури.
За време на посетата, тој разговарал со градоначалникот на Ресен за овие штети.
„Сакам да информирам дека веќе денес на итна седница на Советот на Општина Ресен ќе се донесе одлука за прогласување на природна непогода, ќе се формира комисија за процена на штета и од понеделник ќе се објави Јавниот повик на кој што сите земјоделци треба да пријават, ако имаат настанати штети од ниските температури во изминативе денови“ – рече Трипуновски.
Трипуновски ги повика земјоделците да ги пријават своите загуби, нагласувајќи дека општинските комисии треба навреме да ги обработат сите пријави и да ги извршат процените направени на терен.


