ВЛАДАТА ДЕМАНТИРА – Премиерот Мицкоски користи службен авион без семејна придружба

Службениот авион на Мицкоски стар 20 години се користи исклучиво за службени патувања.

ВЛАДАТА ДЕМАНТИРА – Премиерот Мицкоски користи службен авион без семејна придружба
Фото: Принтскрин

Владата го демантира тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Христијан Мицкоски патувало во Сплит, Хрватска. Истакнуваат дека службениот авион, стар 20 години, се користел исклучиво од премиерот за службени цели, без придружба на семејство, и во последните две години имал само четири патувања во соседните земји.

Дополнително, од Владата ја критикуваат дволичноста на СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче, кој, како што велат, зад затворени врати се согласува со набавка на нов владин авион, а во јавност го критикува истото. Владата апелира информациите кои произлегуваат од СДСМ да се земаат со претпазливост поради нивните шпекулативни намери.

CATEGORIES
Share This