ВКУПНО 17.603 ПРОДАДЕНИ СТАНОВИ – Раст на пазарот, но пад во Струмица и Битола

Според обемот на трансакции Аеродром води со 240 продадени станови, додека Центар е најскап.

ВКУПНО 17.603 ПРОДАДЕНИ СТАНОВИ – Раст на пазарот, но пад во Струмица и Битола
Фото: Национал

Најновиот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности за втората половина од 2025 година покажува значителен пораст на цените на становите низ државата. Најголем раст е забележан во Куманово (24%) и Тетово (22%), додека скопските општини Карпош, Кисела Вода и Гази Баба регистрираат пораст од по 16%.

Според податоците од Регистарот на цени и закупнини, највисоката цена по метар квадратен е во општина Центар, каде достигнува 232.722 денари. Најниската цена е забележана во Чаир, со 19.543 денари по квадрат.

Во однос на обемот на трансакции, Аеродром е водечка општина со 240 продадени станови, по што следуваат Чаир, Центар и Карпош. Центар, сепак, останува најскапата дестинација со просечна цена од 104.300 денари по квадрат.

Од Агенцијата за катастар оценуваат дека „растот на обемот на трансакциите може да се поврзе со подобрени услови за финансирање и зголемена доверба во пазарот на недвижности“.

Вкупно, во втората половина од 2025 година се регистрирани 17.603 трансакции, што претставува пораст од 6,4% во споредба со истиот период во 2024 година. Додека повеќето градови бележат раст, намалување на продажбата е забележано во Струмица и Битола.

CATEGORIES
Share This