ВИТКОФ ПО РАЗГОВОРОТ СО ПУТИН ВЕДНАШ СЕ ВРАТИ ВО САД На Трамп во Белата куќа му пренесе важна порака
Инаку Витков и порано има изјавувано дека Русија не треба нужно да се обвинува за предизвикување на војата во Украина а токму тоа е она што Украина и некои американски и европски претставници го отфрлаат како максималистичко руско барање

Стиф Виткоф специјален претставник на американкиот претседател Доналд Трамп и човек од негова најголема доверба, веднаш се врати во САД по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Виткоф седна со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа во Вашингтон и му пренесе важна порака:
„Најбрзиот начин да се постигне прекин на огнот во Украина е да се поддржи стратегијата што на Русија ќе ѝ даде сопственост на четирите источни украински региони кои се обиде да ги припои илегално во 2022 година“, истакнал Виткоф.
Виткоф и претходно јавно при гостувањето во поткастот на конзервативниот Такер Карлсон на 21 март ја пренесе идејата за предавање на Русија на четирите украински региони – Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон. Инаку Виткоф и порано има изјавувано дека Русија не треба нужно да се обвинува за предизвикување на војната во Украина а токму тоа е она што Украина и некои американски и европски претставници го отфрлаат како максималистичко руско барање.
Изјавата на Виткоф ја пофали уште еден висок претставник во американскатаадминистрацијата – советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Волц велејќи:
„Специјалниот пратеник Виткоф донесе богато преговарачко искуство и итност во приватниот сектор на дипломатската сцена и веќе гледаме резултати за само неколку недели“, рече Волц.
Вчера (петок, 11 април) Доналд Трамп го повика Путин да продолжи напред за прекинот на огнот во Украина додека Виткоф ја оствари третата средба со рускиот претседател во Санкт Петербург.


