ВИСТИНАТА ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА – Бугаринот Перев лажел дека бил физички нападнат во маркет

Премиерот тврди дека немало напад иако Перев пријави физичко насилство

ВИСТИНАТА ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА – Бугаринот Перев лажел дека бил физички нападнат во маркет
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека имал консултации во врска со пријавата на новинарот и публицист Владимир Перев (80), кој тврди дека бил вербално и физички нападнат од непознато лице во Скопје. Мицкоски категорично отфрли дека имало било каков напад.

Одговарајќи на новинарско прашање за реакциите од Софија по инцидентот со Перев, премиерот порача дека се прават непотребни конструкции и претерувања.

„Може некој да накисне на дожд и да го прикаже како хибриден напад од Владата. Ако некој одлучил да се самоповреди и тоа го претставува како некаков напад – тоа е друга работа. Не очекувајте дека нема да има обиди за инженеринг, на тоа сме навикнати. Вчера имав консултации и апсолутно отфрлам дека е извршен напад врз лицето кое го споменувате,“ изјави Мицкоски пред почетокот на Националниот форум „Соработка помеѓу Владата и граѓанското општество“.

МВР вчера информираше дека постапува по пријавата на Перев, кој тврдеше дека бил нападнат од маж на околу 40 години додека чекале пред каса во маркет во Центар. Според неговото сведоштво, мотивот бил неговата припадност кон бугарската заедница. Инцидентот се случил минатиот петок.

„На 21.11.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, В.П. (80) пријавил дека околу 21:05 часот бил физички нападнат во маркет на подрачјето на Центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ соопшти МВР.

Случајот предизвика реакција и од бугарското Министерство за надворешни работи, кое во соопштение побара надлежните органи во Северна Македонија да спроведат навремена и ефикасна истрага и да обезбедат правда.

CATEGORIES
TAGS
Share This