ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ДЕНЕС Попладне можен пороен дожд и грмежи
Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Фото: Принтскрин
Денеска (06.07) времето во Република Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со максимална температура која ќе достигне до 40 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер .
CATEGORIES Македонија


