ВИНИСИУС ПОСТАВУВА УЛТИМАТУМ Или Алонсо, или заминување од Реал Мадрид!

Реал Мадрид, по одличниот старт на сезоната, сега се соочува со сериозни проблеми во соблекувалната. Според информации од шпанските медиуми, главниот извор на незадоволство е бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор, кој сè почесто ја изразува својата фрустрација кон тренерот Чаби Алонсо. Крилниот напаѓач неколку пати бурно реагирал по замените во завршниците на натпреварите, а иако подоцна се извинил, атмосферата во тимот е далеку од идеална.
Според новинарот Пепе Алварез, Винисиус дури му поставил ултиматум на претседателот Флорентино Перез. Тој бара или клубот да се раздели со Чаби Алонсо, или тој сам ќе го прекине својот договор. Оваа ситуација создава дополнителен притисок врз управата на Реал, која мора да одлучи како да постапи во интерес на тимот и на самата ѕвезда.


